Костовски и Додевски

Македонскиот таеквондист Филип Додевски (категорија до 87 кг) освои бронзен медал на силниот меѓународен Г1-турнир „Сараево опен 2021“, кој носи бодови за ранг-листата за пласман на Летните олимписки игри (ЛОИ) во Париз во 2024 година.

Додевски стигна до бронзата откако ги победи Чехот Шимек Давид, со 9-5, и Јорданецот Сбаихи Фахит, со 21-15, а во полуфиналниот дуел загуби со 6-8 од Хрватот Иван Шапина.

– Македонија настапи со пет натпреварувачи на овој силен турнир, а првото коло го поминаа и Ана Марија Георгиевска (до 67 кг) и Филип Стаменов (до 80 кг). Носителот на сребрен медал од ЛОИ во Токио годинава, Дејан Георгиевски, не настапи на овој турнир. Досега Додевски настапи на три Г1-турнири и освои два медала. Во Турција сребро и сега во Сараево бронза. На овие од серијата Г1-турнири, златото носи 10 олимписки бода, среброто седум, а бронзата три бода – вели селекторот на македонскана таеквондо-репрезентација и тренер на ТК Бутел, Борче Костовски.

Г.И.