Боречкиот клуб Лирија од Скопје, триумфираше на Првенството на Македонија во сениорска конкуренција (до 23 год.), кое се одржа во Прилеп. Во конкуренција на 11 екипи во 10 тежински категории, второто место му припадна на скопски Чаир, а трет беше штипски Балканец.
Златни медали за Лирија во поединечна конкуренција освоија, Бесир Алили (категорија до 57 кг), Мухамед Феруку (до 65 кг), Елмедин Сејфулаху (до 70 кг), Фати Вејсели (до 74 кг) и Орхан Џафери (до 92 кг).
Од Чаир поединечни шампиони на Македонија станаа Омер Адиловски (до 79 кг), Реџеп Хајдари (до 97 кг ) и Рамадан Мустафовски (до 125 кг), додека од клубот Студеничани со злато се закитија Арбен Абази (до 61 кг ) и Омер Сејфулаху (до 86 кг).
Како што е познато, годинава во Скопје (17-23 мај) ќе се одржи Европското првенство (ЕП) за сениори, до 23 години. Г.И.