Таа од позиција на асистентка го предводеше тимот на Сан Антонио на дуелот со ЛА лејкерс
КОШАРКА
Беки Хамон (43) влезе во историјата на кошаркарската НБА-лига како прва жена што презеде одговорност на еден НБА-тим за време на натпревар од регуларната сезона. Таа го водеше тимот на Сан Антонио против Лос Анџелес лејкерс (107-121), која, откако беше исклучен главниот тренер Грег Попович, како негова асистентка го презеде кормилото за време на натпреварот.
– Очигледно ова е голема работа, значаен момент. Попович ми посочи и тоа беше тоа. Јас само се обидував да го добијам натпреварот во тој период. Моја работа беше да излезам таму, да се фокусирам на играчите и да бидам сигурна дека му помагам на тимот – рече таа по натпреварот.
Хамон е асистентка од 2014 година. По натпреварот следуваа пофалби и честитки за Хамон, особено од едно од најголемите имиња на НБА-лигата.
– Таа мораше да ја преземе одговорноста, да ги покаже својата работа, својот талент и љубовта кон овој спорт. Таа е многу страсна во овој спорт. Честитки за неа – изјави Леброн Џејмс, кој беше на противничката страна таа ноќ.
Хамон во кариерата играла на позицијата бек за Њујорк, Риверс, Сан Антонио, Валенсија, Оренбург, Спартак Москва, а со селекцијата на Русија има бронза од ЛОИ 2008 и следната година сребро од ЕП. Во ВНБА-лига шест пати била избрана во олстар-тимот, а по двапати во првата и во втората петорка. Во 2011 година е избрана меѓу врвните 15 кошаркарки на сите времиња во ВНБА-лигата.