Македонската репрезентативка и олимписка стипендистка, Арбреша Реџепи, викендов ќе настапи во категоријата до 52 килограми на Европскиот куп во џудо во Загреб, кој се бодува за олимписката ранг-листа.
Реџепи заедно со својот тренер Горан Мицкоски, согласно протоколите на Европската џудо федерација за одржување на натпревари во време на пандемија кои се на највисоко ниво, по направени два негативни ПЦР-теста во Македонија, денес отпатуваа за Загреб, каде ќе следи уште еден ПЦР-тест пред официјалниот ждреб на натпреварот.
Реџепи својот прв настап ќе го претпладне во прелиминарните борби.
Џудо федерацијата која и во време на пандемија безрезервно го поддржа учеството на Реџепи на Европскиот куп во Загреб, и посакува одличен настап и освојување на што поголем број на бодови за олимписката ранг-листа за Летните олимписки игри во Токио годинава.