Собраните информации би придонеле за следниот чекор, а тоа е сугерирање на оперативен, маркетиншки и финансиски план за ФИДЕ за шахот во училиштата за периодот 2021-2025 година
Летото 2020 година, Светската шаховска федерација (ФИДЕ) и Европската шаховска унија (ЕЦУ) ги здружија силите за да направат анкета како изгледа шахот во училиштата во светот. Собраните информации би придонеле за следниот нивен чекор, а тоа е сугерирање на оперативен, маркетиншки и финансиски план на ФИДЕ за шахот во училиштата за периодот 2021-2025 година. Групата што работи на истражувањето избра поширока дефиниција за шахот во училиштата, а тоа е шах во училишната средина, се наведува во информација на ФИДЕ.
Притоа беше контактирано со сите 190 шаховски федерации-членки на ФИДЕ, како и со големите организации за шах во училиштата и се побара да направат анкетно истражување на 17 поставени прашања за да се добие одредена статистичка основа. Ова истражување е веројатно најголемо од ваков вид, со 196 испитаници, од кои 135 федерации, 39 организации и 22 приватни и јавни училишта. Според истражувањето, во моментов има 25.600.000 деца што учествуваат во шаховски активности во училишната средина. Од таа бројка, 15 милиони се деца во Индија, пет милиони во Кина и 5,6 милиони во остатокот на светот, пишува ФИДЕ. Постојат 92.550 наставници и 145.690 инструктори надвор од училиштето што обезбедуваат инструкции по шах и програмирање, има 78 земји со квалификации за настава на шах во училиштата, 44 земји користеле податоци од истражување за да ги проценат фактите што ги дадоа во ова истражување, 98 земји користасофтвер итн.