Минатиот викенд, во рамките на 7-то и 8-то коло (од вкупно 12 на шест локации) на Европскиот јуниорски куп што се одржа во Солкан, Словенија, забележителен настап на младите кајакари од Македонија.
Најголем успех постигна Ангел Петрушев кој на на двата натпревара во двата дена, го освои првото место во категоријата до 14 години. Од другите македонски натпреварувачи во таа категорија, Коце Игнатов заврши на 53. место.
Во категоријата до 18 години, Енис Небиовски настапи во финалето и го освои 13-то место. Никола Димов беше 33-ти, а Христијан Игнатов 36-ти и не успеаја да се пласираат во финалните возења. На вториот натпревар, Енис Небиовски беше 11-ти, Игнатов 13-ти, а Димов 23-ти. Л.Д.