Алкалоид (лево) во мечот со Вердер

На 34-от Европ­ски клуп­ски куп (ЕКК) во шах во Пор­то Ка­рас, Гр­ци­ја, има три клу­ба со про­се­чен реј­тинг над 2.700 по­е­ни. Во таа гру­па вле­гу­ва пр­ви­от фа­во­рит за тро­фе­јот и по­бед­ник во 2016 го­ди­на, скоп­ски Ал­ка­ло­ид (2.741), во чиј тим има че­тво­ри­ца со рејтинг над 2.700 по­е­ни, а Ли­рен Динг е со реј­тинг од 2.804 по­е­ни.

По­тоа сле­ду­ва че­шки Но­ви Бор (2.712), со че­тво­ри­ца над 2.700 по­е­ни и азер­беј­џан­ски Од­лар Јур­ду (2.702) со по еден над ша­хист од 2.700 и над 2.800 по­е­ни. Трој­ца шахисти со по­ве­ќе од 2.700 по­е­ни има ру­ски Санкт Пе­тер­бург, а нор­ве­шка Ва­ле­рен­га има двај­ца со над 2.700, ме­ѓу кои акту­ел­ни­от свет­ски пр­вак Маг­нус Карл­сен со момент­но нај­ви­сок реј­тинг (2.839). Вкуп­но на ЕКК игра­ат 14 ша­хи­сти со реј­тинг над 2.700 и трој­ца со над 2.800 реј­тинг-по­е­ни.

Во од­нос на пос­лед­ни­те три го­ди­ни, во 2016 го­ди­на на ЕКК има­ло најм­но­гу ша­хи­сти со реј­тинг над 2.700 по­е­ни (23), а двај­ца со над 2.800. Пред­ни­чел ру­ски Си­бир (че­ти­ри) и еден над 2.800, пред Ал­ка­ло­ид (шест), Па­до­ва (два) и еден над 2.800, Санкт Петербург (три), Но­ви Бор (три), Св. Ни­ко­лај Срп­ски (два), Аш­дод (два) и Мос­ква (еден). Ла­ни, пак, игра­ле 19 ша­хи­сти со над 2.700 по­е­ни, а не­ма­ло ни­ту еден над 2.800. Најмно­гу имал по­бед­ни­кот, ру­ски Гло­бус (шест), пред Ал­ка­ло­ид (пет), Санкт Петер­бург (че­ти­ри), Но­ви Бор (три) и Од­лар Јур­ду (еден).

ИМ Орце Данчевски (Гамбит Асеко Сее)

Ал­ка­ло­ид ја ос­тва­ри и тре­та­та по­бе­да во ни­за на Европ­ски­от клуп­ски куп (ЕКК), а овој пат жр­тва бе­ше гер­ман­ски Вер­дер (ран­ги­ран 10-ти пред по­че­то­кот на ЕКК) со 5-1. Реми­зи­раа Ли­рен Динг и Јан­гиу Ји, а по­бе­ди­ја Дми­три Ан­дреј­кин, Дми­три Ја­ко­вен­ко, Павел Ел­ја­нов и Ју­риј Кри­во­руч­ко. Ал­ка­ло­ид мо­мент­но е втор со шест бо­да (16,5 поени по таб­ли), а уште пет еки­пи има­ат ист број бо­до­ви. Во­ди Од­лар Јур­ду со шест бо­да (17,5).

Гам­бит Асе­ко СЕЕ го до­жи­веа пр­ви­от по­раз, со 1,5-3,5, во 3-то ко­ло од гер­ман­ски Ахен (ран­ги­ран 16-ти) и е на 29-то ме­сто со три бо­да (9,5 по таб­ли). Цел по­ен освои Зо­ран Стој­чев­ски, ре­ми­зи­ра Пе­тар Ар­на­у­дов, а за­гу­би­ја Ор­це Дан­чев­ски, Ни­ко­ла Николовски, Де­јан Ди­нев и Љу­би­ша Ан­до­нов­ски. Во де­неш­но­то 4-то ко­ло Ал­ка­ло­ид игра со ру­ски Санкт Пе­тер­бург (ран­ги­ран 4-ти), а Гам­бит Асе­ко СЕЕ со естон­ски Ре­вал спорт (ран­ги­ран 37-ми).

Г.И.