За Србинот триумфот во Дубаи е 21. во низа што трае од средината на ноември лани

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ (водечки на АТП-листата) во Дубаи ја впиша 79-та турнирска победа во кариерата, трета во низа, откако славеше во финалето против Гркот Стефанос Циципас со 6-4, 6-4). За Новак ова беше 21. победа во низа што трае од средината на ноември лани. Личниот рекордот од 43 победи едноподруго тој го постави во 2011 година, а беше прекинат откако загуби од Швајцарецот Роџер Федерер во полуфиналето на Ролан Гарос.
Во Дубаи Ѓоковиќ славеше и во 2009, 2010, 2011, 2013 година.
– Една од моите цели е да останам непоразен до крајот на сезоната – рече Ѓоковиќ откако го подигна пехарот.

Србинот досега настапил во 113 финалиња, а загубил 34. Само еднаш се случило (против Хрватот Марин Чилиќ во 2018-та) да загуби, откако имал меч-топка.
Но Шпанецот Рафаел Надал (втор на АТП-листата) не дозволи Ѓоковиќ да му се приближи преблиску, откако третпат победи во Акапулко, (Мексико). За него тоа беше 85-ти турнирски успех, а до него дојде совладувајќи го во финалето Американецот Тејлор Фриц со 6-3, 6-2. На првото место според бројот на освоени турнири, 103, води Швајцарецот Роџер Федерер. 


Поединечни победи во низа на Ѓоковиќ
СЕЗОНА ПОБЕДИ
2010-2011 43
2015 28
2013-2014 28
2015 23
2018 22
2012-2013 22
2019-2120 21


НАЈМНОГУ ТИТУЛИ

Џими Конорс 109
Роже Федерер 103
Иван Лендл 94
Рафаел Надал 85
Новак Ѓоковиќ 79

листата е за т.н. опен ера на
тенисот, од 1968 година