ФИДЕ-мајсторот (ФМ) Тони Лазов и Кристијан Велковски, единствени забележаа победи од македонски шахисти (вкупно 24) во 2. коло на 20-то Европско поединечно првенство (ЕП) во шах, што се игра во хотелот „Хилтон“ во Скопје. Половина поен впишаа петмина Македонци, а меѓусебно ремизираа ИМ Никола Николовски и Филип Михов, додека 17 се поразени.
Најдобриот македонски шахист Кирил Георгиев (2.595, рангиран 74) ремизираше со ФМ од Финска Јари Јари Јарвенпаа (2.243, рангиран 276-ти). Прворангираниот, рускиот ВМ Владислав Артемиев ја оствари и втората победа и заедно со уште 38 шахисти има два поена. Најдобропласиран Македонец засега е ВМ Александар Чоловиќ (2.576, рангиран 178-ти), кој со 1,5 поени е на 71-то место.
На ЕП во Скопје играат 361 шахист (143 ВМ, 3 ЖВМ, 83 ИМ, 6 ЖИМ, 58 ФМ, 10 ЖФМ, 3 КМ) од 42 држави. Најмногу шахисти има од Русија (47), потоа од Македонција (24), Турција (23), Србија (21) итн. Победникот ќе биде познат по одигрувањето на 11-то коло.
Позначајни резултати 2. коло
ВМ Артемиев (2.736) – ВМ Кулаотс (2.544) 1-0
ВМ Жигалко (2.541) – ВМ Ковалев (2.703) 1-0
ВМ Кристијансен (2.539) – ВМ Рагер (2.696) реми
ВМ Гранделиус (2.694) – ВМ Ступак (2.537) 1-0
ВМ Чепаринов (2.694) – ИМ Газик (2.535) 1-0
ВМ Родштеин (2.673) – ВМ Келирес (2.529) 1-0
ВМ Лобанов (2.526) – ВМ Нисипеану (2.670) реми
ВМ Георгиев (2.590) – ФМ Јарвенпаа (2.243) реми
ФМ Лазов (2.232) – Андолфато (2.033) 1-0
Велковски (2.003) – ИМ Радовановиќ (2.331) 1-0
ИМ Николовски (2.404) – Михов (2.152) реми