Британскиот боксер Тајсон Фјури (31-0-1) покажа дека веројатно е најдобриот „тешкаш“ моментно, откако го нокаутираше предизвикувачот Дионтеј Вајлдер (42-2-1) во 11-та рунда, во спектакуларен меч во Лас Вегас.
Фјури по оваа борба ќе има можност да се бори да освои појас во сите пет категории во различните организации. За да се случи тоа тој ќе мора да го почека ревашнот меѓу Џошуа и Усик, па да го предизвика подобриот од тој дуел.
Вајлдер ги имаше свои моменти, особено во четвртата рунда кога двапати го испрати Фјури на подот, но Британецот успеа да се консолидира и целосно да го контролира остатокот од мечот. Вајлдер трипати завршуваше на подот за време на овој меч.
Сепак во единаесетата рунда Фјури дојде до нова победа, со што остана непоразен и во својот 32-ри професионален меч.