Со победата над Канзас сити чифс во финалето на АФЦ конференцијата со резултат 37-31, Њу Ингланд патриотс стигнаа до рекордниот 9-ти Супербоул под раководството на легендарниот тренер Бил Беличик и квотербекот Том Брејди. Голем дел од јавноста во САД ги критикуваа правилата за продолженија во НФЛ-лигата во американски фудбал и неможноста младиот Патрик Махоумс да излезе на теренот, но 41-годишниот Брејди покажа дека сè уште е број 1 играч во лигата и докажа дека дефинитивно може да се смета за „најдобриот на сите времиња“ во овој спорт.
Медиумите и неутралните фанови кои ја следат НФЛ-лигата по натпреварот можеа да кажат дека се чувствуваат „ограбени“ за можноста повтнорно да го видат на теренот одличниот Махоумс, кој поради правилата за продолженијата, немаше можност да му се спротистави на Брејди. За појаснување, доколку резултатот на натпреварот е неодлучен по регуларното време на мечот, фрлањето на паричка од страна на судиите одредува кој тим ќе биде во напад. Во овој дел од играта, тимот кој прв ќе постигне тачдаун победува на натпреварот, а доколку постигне „фијлд гол“, другиот тим има можност да се врати на теренот и да се обиде да победи. Ова правило го оневозможи тимот на тренерот Енди Рид, по одличното враќање во натпреварот по дефицит од 14 – 0, да се спротистави на долгогодишната доминација на „патриотс“ и повторно по којзнае кој пат ги отвори прашањата за тоа дали правилата за продолженија се соодветни и праведни за двете екипи. Искусниот Брејди ја искористи својата можност и откако патриотс го добија првиот напад во продлженијата, тој резолутно го предводеше својот тим до енд-зоната на чифси и со тачдаунот на Рекс Буркхед го добија овој натпревар.
Се смета дека последната, 4-та четвритина на дуелот помеѓу патриотс и чифс е една од највозбудливите во последните неколку години во плејофот, но анти-климатскиот крај на мечот и неправдата која им беше на несена на „чифси“ од страна на необичните правила го одлучи вториот учесник во еден од најскапите спортски натпревари на светот.
На завршниот натпревар на НФЛ-сезоната, во Супербоулот број 53, „патриотите“ ќе се сретнат со одличните Лос Анџелес рамс, кои вчера во НФЦ конференциското финале исто така во неизвесен натпревар беа подобри од Њу Орлеанс сеинтс со резултат 26-23.
Натпреварот за трофејот Винс Ломбарди кој ќе се одржи ноќта меѓу 3-ти и 4-ти февруари во Атланта, Џорџија, е реванш од Супербоулот 38 игран во 2002 година, кога рамс (тогаш франшизата беше во Сејнт Луис) загубија од петриотс и тоа за легендарното дуо Беличик – Брејди беше прва титула во НФЛ-лигата. До денес, 41-годишниот Том Брејди има неверојатни 5 титули во лигата и доколку неговиот тим успее да го надигра младиот квортербек на рамс Џеред Гоф во 53-от Супербоул, тој дефинитивно и ќе го потврди епитетот „најдобар на сите времиња“, неофицијална титула која веќе и ја има заслужено по многумина познавачи на оваа игра. П.С.