Доминик Тим ја освои титулата на тенискиот гранслем-турнир САД опен. Австриецот во финалето, во пет сета го победи Александар Зверев со 2-6, 4-6, 6-4, 6-3, 7-6. Тим го освои својот прв гранслем трофеј во четвртото одиграно финале, откако претходно два пати губеше од Рафаел Надал на Ролан Гарос и еднаш од Ѓоковиќ на Австралија опен.
Тим стана првиот тенисер првиот кој успеал да направи пресврт во финалето на САД опен од 0-2 во сетови за да го освои трофејот.
Тој на најновата АТП листа ќе остане не третото место меѓутоа ќе ја намали предноста во однос на Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ.
Во женска конкуренција до трофејот стигна Наоми Осака која во финалето беше подобра од Викторија Азаренка со 1-6, 6-3 и 6-3 по сетови.