СКИЈАЧКИ СКОКОВИ

Камил Стох од Полска победи на третото натпреварување на 69-та турнеја „Четири скокалници“, во Инсбрук, во скијачки скокови, со што изби на првото место во генералниот пласман пред утрешниот решавачки натпревар во Бишофсхофен. Трикратниот олимписки шампион доминираше во натпреварувањето и победи пред Словенецот Анже Ланишек и Појлакот Давид Кубацки, ланскиот победник на „Четирите скокалници“.
Норвежанецот Халвор Егнер Гранеруд, кој водеше во генералниот пласман до натпреварот во Инсбрук, го освои 14-то место и сега е трет во годинашното натпреварување за „Четирите скокалници“. Стох има две победи на новогодишната турнеја, во 2017 и во 2018 година (таа година со сите четири на четирите скокалници). Стох е во групата од осум натпреварувачи со два триумфа, а само четворица скијачи-скокачи имаат повеќе од два трофеја за „Четирите скокалници“, и тоа рекордерот Јане Ахонен пет, Јенс Вајсфлог четири и Хелмут Рекнагел и Бјорн Виркола по три.
По натпреварите во Оберсдорф, Гармиш Партенкирхен и во Инсбрук, Стох води со петнаесетина поени пред Кубацки, дваесетина пред Гранеруд итн.