Тој смета дека фудбалот треба да промовира важни прашања, како што е одржливоста, а Ф1 да се фокусира на синтетички горива. „Мотоспортот треба да се позиционира да има голема цел за човештвото. Формула 1 може да направи подобро и тие работат на тоа. Синтетичките горива, на пример, ако тие го преземат управувањето со тој простор и навистина иновираат, тоа може да биде од корист за милиони луѓе во светот. Но Ф1 веќе многу направи со лесните материјали и со хибридните мотори, што се најефикасните мотори во светот“, вели Розберг

НИКО РОЗБЕРГ, ПОРАНЕШЕН СВЕТСКИ ПРВАК ВО ФОРМУЛА 1

Поранешниот светски шампион (од 2016 година) во Формула 1, Нико Розберг (35), вели дека спортот мора да има цел и дека Ф1 треба да стори повеќе. Тој смета дека фудбалот треба да промовира важни прашања, како што е одржливоста, а Ф1 да се фокусира на синтетички горива. Германецот има тим во тркачката серија „Екстремни Е“, серија за свесноста за темите со климата, пишува „Би-би-си“.
– Со тимот РХР се надевам дека ќе го инспирирам спортскиот свет многу посилно да ја прифати целта. Земете го Европското фудбалско првенство, мислам дека треба да се надеваме дека ќе инспирираме такво првенство за да ја ставиме целта во неговото средиште, да го искористиме влијанието што го имаат за да ја зголемат свеста за климатските промени – вели Розберг.
Розберг сака неговиот поранешен спорт Формула 1 да го преземе водството во одржливоста, како и „Екстремниот Е“.

– Формула 1 уште нема голема цел, мотоспортот треба да се позиционира да има голема цел за човештвото. Формула 1 може да направи подобро и тие работат на тоа. Синтетичките горива, на пример, ако тие го преземат управувањето со тој простор и навистина иновираат, тоа може да биде од корист за милиони луѓе во светот. Но Ф1 веќе многу направи со лесните материјали и со хибридните мотори, што се најефикасни мотори во светот – вели Розберг.
Како и промовирањето на темите со климатските промени, серијата „Екстремен Е“ ќе ја истакне и половата еднаквост, па секој тим меѓу возачите на автомобилите има по еден маж и жена, пишува „Би-би-си“.