Триесетте пријавени пливачи ја стартуваа трката на 32. Охридски пливачки маратон, што денеска се одржува во водите на Охридското Езеро од Свети Наум до пристаништето.
Пливачите во моментот се во близина на Љубаниште, а 25 километарската патека „Климе Савин“ се очекува да ја завршат некаде после 16 часот и 30 минути.
Стартот го означи единаесет кратниот ппобедник на маратонот, Петар Стојчев од Бугарија.
Македонија ја претставуваат Александар Илиевски и Евгениј Поп Ацев.