Не стивнуваат реакциите на социјалните мрежи за ракометниот репрезентативец и капитен на Вардар, Столе Стоилов кој синоќа демонстративно ја напушти манифестацијата „Спортист на годината“, во организација на Агенцијата за млади и спорт.
Како причина за ваквата реакција на Стоилов на социјалните медиуми се наведува двојазичноста на манифестцијата, на која за прв пат бил користен албанскиот јазик.
Тоа го налутило репрезентативниот пикер, па Стоилов изреволтиран си заминал од салата.
Коментарите се поделени, од поддршка и симнување капа до негодување и осудување на реакцијата на Стоилов.
„Браво за гестот, покажа и докажа зошто си капитен на скопски и македонски Вардар, секоја чест“, „Ти си легенда! Честитки за гестот“, „Лично му се поклонувам за гестот на нашиот ракометен цар…баш би сакал да видам дали еден Македонец-Албанец ќе му честита“, се дел од коментарите кои го одобруваат гестот на Стоилов.
Постојат и такви кои однесувањето на Стоилов го сметаат за непотребено и претставува бламажа за него како докажан спортист.
„Столе денес докажа дека во спортот нема религија, вера, јазик и нема место за мразење соиграчи и други спортисти“, „Играј ракомет и уживај, сем ако мислиш дека те гледаат само чистокрвни Македонци од Пела“, „Што ако имаш колега Албанец во реперезентација“ – се дел од комeнтарите кои не ја оправдуваат постапката на Стоилов.
Поделени се реакциите и на твитерџиите. „Па нели двојазичноста беше само во главите на вмровците? Почит кон Стоиле и неговиот достоинствен чин!
Свесни ли се што направија сите што гласаа за аболицираниот криминалец?“, „Двојазичност, на друго место не во спротот!“ , „Столе Стоилов е најкорисен играч на целово првенство. Гинел за репрезентација и кога не му одело. Наклон балерино“,се само дел од твитовите за Стоилов.