Одбојкарската репрезентација на Македонија е поразена од Шпанија со резултат 1-3 (23-25, 25-21, 28-30 и 15-25 по сетови) во денешниот меч од Европското првенство, во кој избраниците на Душко Николиќ пропуштија неколку прилики за да остварат подобар резултат.
„Црвено-жолтите“ не искористија три сет топки во третиот сет кој го загубија на разлика со 28-30, што претставуваше клучен момент. Противникот потоа убедливо го освои и следниот сет со што стигна до триумф. Капитенот Никола Ѓоргиев беше најефикасен кај Македонија со 26 поени.
Одбојкарите во досегашниот тек од турнирот имаат четири порази во исто толку средби, а следниот дуел го играат задутре против Русија.