Македонскиот борач Могамедгаџи Нуров остана без прилика да се бори за бронза преку репасаж во категоријата до 97 килограми на олимпискиот турнир во Токио, откако Кубанецот Реинерис Салас Перез загуби од првиот фаворит за златниот медал, Русинот Абдулрашид Садулаев.
Нуров утринава го победи Тунижанецот Мохамед Садауаи со 5-0, пред поразот од Перез со 4-6 на поени во четврт-финалето.
Нуров е последниот македонски претставник кој зема учество на Игрите во Токио на кои Македонија освои медал по пауза од две децении, откако теквондистот Дејан Георгиевски се закити со сребро.