ШАХ

Велемајсторот (ВМ) Трајко Недев и член на ШК Алкалоид е новиот селектор на машката шаховска репрезентација на Македонија и на оваа функција ќе биде во следните две години. Вака беше решено на последната седница на УО на Шаховската федерација на Македонија (ШФМ), која беше одржана онлајн. Тој доаѓа на местото на ВМ Роландо Кутиров. Дали Недев ќе биде истовремено и селектор на женската репрезентација, допрва ќе се решава. И таа опција е во игра, велат од ШФМ.

– Селекторската функција ми претставува обврска и предизвик да придонесам за што подобро да ја претставиме Македонија на турнирите што се на календарот за годинава. Се надевам дека ШФМ и државата навремено ќе обезбедат средства за подготовки и за настапи и секако добар дел од предложената програма за работа од ШФМ да ја остварам – ни изјави Недев.
Истовремено за секретар на ШФМ е избран интернационалниот мајстор (ИМ) и член на Гамбит Асеко СЕЕ, Марјан Митков.