Првиот фаворит за трофејот, шпанскиот тенисер Рафаел Надал ќе игра во полуфиналето на Грен слемот во Париз, по денешната победа во четвртфиналниот меч над Аргентинецот Диего Шварцман со 3-1.
По загубениот прв сет (4:6), Надал заигра многу подобро во продолжение на мечот и ги доби следните три сета со 6:3, 6:2 и 6:2.
Шпанецот во полуфиналето ќе игра со подобриот од дуелот Хуан Мартин дел Потро – Марин Чилиќ.
Турнирот во Париз се игра за награден фонд од 39,2 милиони евра.