Шпанскиот тенисер Рафаел Надал иако беше пријавен, сепак се повлече од турнирот во Квинс, кој се игра следната недела.
– Квинс е одличен турнир и имам убави спомени од 2008 година кога ја освоив титулата. Навистина сакав да се вратам оваа година, но за мене сезоната на земјена подлога беше навистина долга. Сакам да им се извинам на организаторите на турнирот и на навивачите, кои очекуваа да ме видат како играм, но разговарав со докторите и морам да го послушам своето тело – истакна Надал.
Турнирот во Квинс се одржува две седмици пред единствениот Гренд слем на тревна подлога „Вимблдон“.
Надал во неделата го освои 11-от трофеј на „Ролан Гарос“, но наведе дека се чувствува многу истоштено и не знае дали ќе настапи и на „Вимблдон“.