Македонската одбојкарска репрезентација со победа над БиХ од 3-1 (по сетови 27-25, 25-21, 23-25 и 25-19) го почна квалификацискиот турнир во Скопје за пласман на Европското првенство годинава.
Покрај Македонија и БиХ, на двата турнира што ќе траат до сабота, ќе настапи и селекцијата на Турција.
Македонските одбојкари утре имаат слободен ден, а задутре ќе се сретнат против Турција. Потоа в четврток следува уште еден дуел со БиХ, а во последниот меч од групата Македонија ќе се соочи пак со Турција, в сабота.
Првопласираните репрезентации од оваа и од другите групи, вкупно седум, ќе се пласираат на континенталното првенство, како и петте второпласирани со најдобар ефект.