АИУ нема секогаш да биде на списокот за божиќни честитки, но мислам дека ја врати довербата и дека добивме организација што безмилосно ќе ги искорени измамниците. Она што можам да го кажам е ако мамат, има поголеми шанси да бидат фатени во Токио од кои било претходните Игри, изјави Коу
АТЛЕТИКА
Претседателот на Светската атлетика (СА), Британецот Себастијан Коу, рече дека репутацијата нема да ги заштити истакнатите спортисти од допинг-контрола и предупреди дека ќе биде потешко од кога било да се извлечат со допинг на Летните олимписките игри (ЛОИ) во Токио идната година, пишува „Ројтерс“.
Голем број врвни спортисти, вклучувајќи го и светскиот шампион на 100 метри, Кристијан Колман, беа санкционирани од Единицата за интегритет во атлетика (АИУ) претходниве години, во обид да го врати интегритетот во спортот. Британецот рече дека подобрувањата при тестирањето ќе им отежнува на спортистите да не бидат фатени од кога и да е порано.
– АИУ нема секогаш да биде на списокот за божиќни честитки, но мислам дека ја врати довербата и дека добивме организација што безмилосно ќе ги искорени измамниците. Она што можам да го кажам е ако мамат, има поголеми шанси да бидат фатени во Токио од кои било претходните Игри – изјави Коу за британските медиуми, пренесува „Ројтерс“.