Првпат во својата 124-годишна историја е откажан Бостонскиот маратон, поради пандемијата на коронавирусот. Трката првично беше одложена од 20 април за 14 септември, но сепак, градоначалникот на Бостон, Марти Волш, изјави дека маратонот не може да се одржи годинава поради стравувањата по јавното здравје.
– Не постои начин да се одржи вообичаениот формат на трката без приближување на голем број луѓе во близината на натпреварувачите – рече Волш.
Маратонот во Бостон (САД) е најдолгогодишен главен тркачки маратон во светот, кој се одржува секоја година од 1897 година.
Кениецот Лоренс Чероно и Воркнеш Дегефа од Етиопија се победници од ланската трка во машка и во женска конкуренција. Та.Д.