ТЕНИС – КРЕГ ТАЈЛИ, ДИРЕКТОР НА ГРАНСЛЕМ-ТУРНИРОТ ВО МЕЛБУРН

Австралија опен ќе се одржи во јануари само ако може да се постигне договор со локалните власти, кои треба да дозволат тенисерите да тренираат во време на карантин, изјави директорот на гранслем-турнирот во Мелбурн, Крег Тајли, пренесе „Ројтерс“.
Тој е убеден дека гренслемот ќе се одржи, но вели дека АТП-купот и турнирите за загревање можеби ќе треба да се префрлат во Мелбурн, ако границите меѓу државите во Австралија останат затворени поради пандемијата на коронавирусот. Сите што пристигнуваат во Австралија во моментов мора да бидат сместени во 14-дневен карантин, пишува „Ројтерс“. Има исклучоци за спортисти на кои им е дозволено да тренираат додека се во изолација, па Тајли верува дека нешто слично ќе биде важно за да се одржи Австралија опен, пишува „Ројтерс“.
– Целосно прифаќаме дека секој што доаѓа од странство мора да помине две недели во карантин, но во никој случај тенисерите да седат две недели затворени во хотел непосредно пред турнирот. Ќе бараме за тенисерите да се направи карантинска средина во која ќе можат непречено да тренираат и да одат во хотел во тие две недели. Не можете да побарате од играчите да бидат во карантин две недели, а потоа да излезат и да бидат подготвени да настапат на гранслем-турнир – рече Тајли за австралискиот „Асошиејтед прес“, пренесе „Ројтерс“.