Македонските шахисти Тоде Зафировски (2.138 рејтинг-поени, рангиран 19-ти на турнирот) и Зоран Костадиновски (1.926, рангиран 56-ти), се на солидното 8-мо, односно 21-во место по 4. коло на 4. Светско првенство (СП) во шах за лица со телесен инвалидитет се одржува преку интернет во организација на Светската шаховска федерација (ФИДЕ). И двајцата засега имаат по 3,5 поени.
Жарко Селковски (2.008, рангиран 43-ти), е 47-ми со 3 поени, додека Јанчо Ѓорѓевски (1907, рангиран 61-ви) моментно е 76-ти со 2,5 поена. Води Англичанецот Мохамед Исмаил (1.761, рангиран 81-ви) со 4 поени, колку што имат уште петмина шахисти.
На СП играат 249 шахисти (1 ВМ, 3 ИМ, 13 ФМ, 2 ЖФМ) од 44 држави, а прворангиран е полскиот велемајстор (ВМ) Марчин Тажбир (2.508). Темпото на играње е 45 минути, плус 30 секунди за секој одигран потег по играч. Ова е поединечен турнир, но ќе има и дополнителен екипен пласман. Г.И.