ФОРМУЛА 1 – БЕЛГИЈА

Силниот дожд и невремето во Белгија спречија завршување на трката во Формула 1 на познатата патека Спа Франкошамп, откако се извозеа само три круга, па, според правилата, победата му припадна на Макс Ферстапен, кој ја имаше т.н. пол-позиција (стартуваше како прв). Поради лошите временски услови, почетокот на трката доцнеше три часа и 15 минути. Според правилата, првите 10 возачи ќе добијат половина од планираните бодови, бидејќи 75 отсто од трката не беше извозена. Второто место му припадна на Џорџ Расел, третото на актуелниот шампион Луис Хамилтон, а потоа следуваа Даниел Рикардо, Себастијан Фетел, Пјер Гасли… По 12 трки сезонава, првата позиција во генерален пласман ја има Хамилтон, со 202,5 бода, три повеќе од второпласираниот Ферстапен, а на третата позиција е Ландо Норис, со 113 бода.