„МАЈСКИ КОЊИЧКИ ТУРНИР“ И 1. КОЛО ДП
На терените во населбата Дрма, во организација на КК Анималс, се одржаа вториот „Мајскиот коњички турнир“ и 1. коло од Отвореното првенство на Македонија во прескокнување пречки за 2021 година (шест кола, 2-то е на 5 јуни). На програмата беа четири натпревари во класите А, Б, Ц и Д, со висина на пречките од 80, 90, 110 и 120 см. Во првиот натпревар, класа Д (80 см), победи Сиља Дуковска со грлото „Војвотка“ од клубот Анималс. Во вториот натпревар, класа Ц (90 см), пак, триумфира Дуковска со грлото „Војвотка“. Во третиот натпревар, класа Б (еден метар), првото место го освои Меланија Атанасовска со грлото „Калатус“ од клубот Процес. И во четвртиот натпревар, класа А (1,10/1,20 м), повторно најдобра беше Атанасовска, со грлото „Влеут“.