Зоран Михајлов
специјално од Доха за „Нова Македонија“
Кинеската атлетичарка Лијао Гонг ја одбрани титулата – светска првенка во фрлање
ѓуле. По победата пред две години во Лондон, таа и овде во Доха со приближно ист
резултат – 19,55 метри, го освои златниот медал. Втора беше Даниела Томас-Додо од
Јамајка со осум сантиметри послаб резултат, а трета Германката Шваниц – 19,17 метри, која пак беше шампионка во Пекинг пред четири години.
Во женска конкуренција се одржа и финалната трка на 400 метри. Салва Ел Насер од Бахреин, инаку по потекло од Нигерија, триумфираше со 48,14 секунди. Сребрениот медал и припадна на Шон Милер Уибо од Бахамите – 48,37 секунди, а бронзениот на Шерика Џексон од Јамајка – 49,47 секунди.
Во седмобојот Нафисату Тиам од Белгија не успеа да ја одбрани титулата од Лондон и овде заврши на втората позиција зад Британката Кетрин Џонсон Томпсон, која собра
6.981 поени што беше доволно за триумф. Тиам имаше резултат од 6.677, додека трета беше Верена Прајнер од Австрија со 6.560 поени.
Десетобојот му донесе големо разочарување на светскиот рекордер Маер од Франција.Тој во скок со стап киксираше и не го заврши натпреварот, па така и не стартуваше во последната дисциплина трката на 1.500 метри. Инаку, титулата ја освои
Никлас Каул од Германија со 8.691 поени, втор беше Мајцел Уибо од Естонија, а трет
Дамјан Воринер од Канада.