Таеквондистот Дејан Георгиевски се закити со сребрениот олимписки медал на свечената церемонија во Токио, со што се впиша во историјата на македонскиот спорт.
Георгиевски го освои првиот медал за Македонија на Игрите во Токио, односно првото олимписко одличје за Македонија уште од 2000 година.
Македонскиот репрезентативец ќе слета во Скопје в четврток во 14.10 часот, со што македонската јавност ќе има можност да му честита на неговиот успех.