Фото: Одбојкарска федерација на Македонија

Пласман на финалниот турнир од Купот на ОФМ 2026 година обезбедија истите четири екипи, кои и минатата година се бореа за трофејот во ова натпреварување – бранителот на титулата Штип УГД, финалистот Струмица 47&72, како и екипите на Борец и Работнички 71&22.

Двократниот освојувач на Купот, Штип УГД до Ф4 билетот дојде со победата над Лирија од 3:0 (25:13, 25:10, 25:9) во четвртфиналното соочување пред штипската публика.

Работнички 71&22 беше последниот кој го потврди своето место на завршницата откако славеше над Универзитет во Тетово исто така во три сета (25:21, 25:22, 25:23).

Ден порано Струмица 47&72 и Борец обезбедија пласман на Ф4. Струмичани ја совладаа Шкендија со 3:0 (25:20, 25 :21, 25:14), додека Борец со 3:0 (25:16, 25:14, 25:19) го совлада Сушево.

Патниците на завршниот турнир важеа за фаворити во пресрет на овие натпревари, а имаа и привилегирана позиција во полудиригираниот ждреб, која ја оправдаа и на теренот.

Полуфиналните двојки ќе ги одлучи ждрепката која најверојатно ќе се одржи следната недела, додека финалниот турнир се планира за крајот на март.