Швеѓанката Сара Хектор е нов лидер во генерален пласман во велеслалом, откако имаше две фантастични возења на трката во словенечка Крањска Гора за победа пред Французинката Теса Ворле и Италијанката Марта Басино.
Хектор, како седма на стартот, постави убедливо најдобро време во првото возење, пред во второто да ја зголеми за вкупно 0.96 секунди пред Ворле, додека Басино заостана 1.32 секунди.
Ова е четврти подиум за Хектор оваа сезона и таа има 362 поени во генерален палсман во велеслалом поминувајќи ја Американката Микаела Шифрин (316) и Ворле (307). Шифрин беше само 14-та во првото возење, за да на крајот да заврши на седмото место.