Ова не е само победа. Ова е уште една потврда за големиот успех и за квалитетот на нашиот тим и на македонскиот ракомет, објави РК Алкалоид откако Европската ракомента федерација донесе одлука за случајот Алкалоид и АЕК, кои не го одиграа вториот финален натпревар во рамките на ЕХФ Европскиот Куп, откако гостите одбија да излезат на теренот.
-По разгледувањето на сите случувања и докази, ЕХФ донесе одлука за службена победа од 10:0 голови и од 2:0 поени за РК Алкалоид. Трофејот од Европскиот куп заслужено ќе биде во нашите витрини! Честитки до нашите херои на теренот! Ова е резултат на страста, напорната тимска работа, пожртвуваноста и на непоколебливата верба – објави РК Алкалоид.
Според ЕХФ, со одбивањето да го одигра мечот, грчкиот клуб ги прекрши релевантните прописи на ЕХФ и Судот донесе одлука натпреварот да се регистрира со резултат 10:0. Од европската ракомента федерација потенцираат и дека секоја жалба против одлуката нема да има никаков ефект.
Во меѓувреме, посебните дисциплински постапки во врска со одбивањето да се игра натпреварот, поврзаните штети и распределбата на билетите, се уште се во тек.