Светското првенство (СП) во Германија и Данска им го донесе најдобриот пласман на некои од неевропските ракометни селекции, како на пример на Чиле (16-то место), Бахреин (20-то) и Бразил (пласман во главна рунда) во нивните мундијалски истории.
Репрезентацијата на Чиле првпат оствари пласман подобар од 21-то место, а 20-то место на Бахреин е најдобар пласман во неговото трето учество на планетарните натпреварувања. Со играњето во главната рунда на првенството, селекцијата на Бразил на своето 13-то учество на СП првпат ќе оствари пласман подобар од 13-то место.
На СП 2019 четири европски селекции завршија меѓу репрезентациите што се пласираа од 13-то до 24-то место во конечниот пласман – Русија (14-то место), Македонија (15-та), Србија (18-та) и Австрија (19-та).