Македонскиот ракометен првак Вардар втор пат за само шест дена загуби од Барселона, во тековното издание од Лигата на шампионите. „Црвено-црните“ вечерва загубија на гостински терен со убедливи 26-34.
Високиот пораз е претрпен поради лошото второ полувреме кое вардарци го загубија со 11-18, откако на пауза отидоа само со еден гол негатива.
За Вардар ова е трет пораз по осум рунди во ЛШ, по што падна на четвртата позиција.
Барселона е прва со седум победи и еден пораз.