Ракометарите на Пелистер и на Струга го одиграа највозбудливиот натпревар во 16-то коло од машката Суперлига. Гостите од Струга повеќе од 50 минути им создаваа проблеми на искусните битолчани, кои до победата (30-28) стигна во завршницата. Со овој триумф битолчани се втори на табелата и направија чекор напред кон пласман во плејоф-завршницата.
Сигурен натпревар одигра и Пролет против Радовиш, иако во првото полувреме гостите пружија силен отпор (20-16). Сепак во продолжението домаќините заиграа многу посигурно и славеа со 40-30.