Од групите Е, Ф, Х и Г во следната фаза се пласираа Германија, Унгарија, Данска, Јужна Кореја, Бразил, Јапонија, Хрватска и Шпанија
ПО ДВЕ КОЛА НА СВЕТСКОТО ПРВЕНСТВО ЗА РАКОМЕТАРКИ
Репрезентациите на Шпанија и на Данска остварија идентични победи на Светското првенство (СП) во ракомет за жени во Шпанија. Шпанките беа убедливи против Кина со 33-18, во второто коло од групата Х, и по триумфот над Аргентина во првото коло се пласираа во втората фаза.
Убедлива победа во групата Б оствари и Данска, која го совлада Конго, исто така, со 33-18. Унгарските ракометарки беа подобри и од Чешка, совладувајќи ја со 32-29, со што си обезбедија настап во следната фаза. Победа оствари и селекцијата на Бразил над Јапонија со 29-25 и со тоа и таа репрезентација го обезбеди првото место во вториот круг. Во оваа група Хрватска, по поразот од Бразил, ја забележа првата победа откако славеше над Парагвај со 38-16.
Аргентина приреди мало изненадување со триумфот над десеткуваната Австрија со 31-29, што претставува и прва победа над некоја европска селекција. Австријките имаат проблеми со ракометарки позитивни на коронавирусот, па на натпреварот играа со само 12 ракометарки.
На ова СП првпат играат 32 селекции (досега 24), поделени во осум групи. Првите три од секоја група одат во втората фаза од натпреварувањето. Титулата ја брани Холандија.