Ждрепката за групната фаза на Лига Европа, наместо денеска ќе се влече утре од 11 часот, поради позитивниот тест на ковид-19 на член од техничкиот персонал на ЕХФ задолжен за спроведување на разните протоколи.
Металург своите противници ќе ги чека од шестиот барабан, а вториот македонски претставник, Еурофарм Пелистер, е сместен во третиот барабан. Поради полудиригираната ждрепка, македонските клубови не можат да се најдат во иста група.