Ракометниот клуб Металург и неговата академија привлекоа големо внимание меѓу посетителите на саемот за кариера и алумни на приватниот универзитет ФОН, каде што успешно се претставија со сопствен штанд.
Штандот на Металург привлече внимание и имаше голема посетеност од страна на младите студенти, кои покажаа интерес за клубот и за работата на овој расадник на ракометари.
Околу 50 реномирани компанија од Македонија и регионот денеска се преставија на Саемот за кариера и алумни на приватниот универзитетот ФОН.
На свечената церемонија на која им беа врачени дипломите на дипломираните студенти на ФОН имаше и штандови на кои беа претставени брендовите од големи компании од Македонија и од регионот, кои ги отворија вратите за дипломираните студенти и им понудија можност за соработка. Е.К.