Македонскиот вицепрвак Металург до крајот на сезоната ќе биде без услугите на капитенот Мартин Велковски, кај кого по вечерашните прегледи беа потврдени сомневањата за скината Ахилова тетива.
Повредата на Велковски се случи при едно незгодно движење во завршницата на мечот од 8. коло од Лигата на шампиони со Бешикташ, по кое Велковски со болка ја напушти играта.
Поради оваа повреда на Велковски проблем ќе има и селекторот Раул Гонзалез бидејќи стандардниот македонски репрезентативец исто така ќе го пропушти и
Светското првенство во Германија и Данска во јануари идната година.
Повредата Велковски ќе го оддалечи најмалку шест месеци од ракометните терени.