Илјадници граѓани со овации и громогласен аплауз на плоштадот „Македонија“ во Скопје синоќа ги пречекаа ракометарите на Вардар кои по втор пат, го освоија најелитното ракометно натпреварување во светот.
Во еуфорична атмосфера на плоштадот во Скопје обоен во црвено-црно ракометарите пееја заедно со граѓаните. Автобусот со шампионите помина низ Триумфалната порта исто како и пред две години кога РК Вардар за првпат ја освои европската шампионска титула.