ПЛИВАЊЕ – ПОСТАВЕН НОВ СВЕТСКИ РЕКОРД

Американскиот пливач Келеб Дресел постави нов светски рекорд на 100 метри мешано во трката на Меѓународната пливачка лига што се одржа во Будимпешта, Унгарија. Американецот беше прв во полуфиналето со време од 49,88 секунди, со што стана првиот пливач во историјата што го испливал тој дел за помалку од 50 секунди. Претходниот рекорд што го држеше Русинот Владимир Морозов, а изнесуваше 50,26 секунди.
Дресел го врзуваат убави спомени со Будимпешта, оти токму во овој град освои дури седум златни медали на Светското првенство (СП) во 2017 година. Лани, пак, тој се закити со шест златни и две сребрени медали на Мундијалот во Гуангжу, Јужна Кореја.