Данска, предводена од суперѕвездите Хансен и Ландин и ѕвездите во најава Гидсел и Заугструп, победнички и рекордерски го почна олимпискиот турнир, но нема да им биде лесно на избраниците на Јакобсен, затоа што освојување на олимпиското злато е желба и амбиција и на преостанатите 11 учесници на турнирот
РАКОМЕТ
Актуелниот светски и олимписки првак, ракометната селекција на Данска, важи за прв фаворит за освојување на олимпиското злато според ракометните експерти на Европската и на Светската ракометна федерација. Предводена од суперѕвездите Микел Хансен и Никлас Ландин и ѕвездите во најава Матијас Гидсел и Магнус Заугструп, Данска победнички и рекордерски го почна олимпискиот турнир и најави подготвеност да го одбрани и стигне до нов олимписки трофеј, како што го стори тоа пред шест месеци на Светското првенство во Египет.
Меѓутоа нема да им биде лесно на избраниците на Николај Јакобсен во реализацијата на својата амбиција, затоа што освојување на олимпиското злато е желба и амбиција и на преостанатите 11 учесници на турнирот.
Финалистот од СП, Шведска, одново ќе ја бара својата шанса за трофеј, а тука е и Франција (двократен олимписки првак, од 2008 и 2012 година), која предводена од нивната ракометна икона Никола Карабатиќ и новата енергија на младите Дика Мем, Недим Ремили, Лудовик Фабрегас, Елохим Пранди и Дилан Нахи мечтае за трет олимписки трофеј. Меѓу фаворитите за златен медал се и селекциите на Египет и на Норвешка, олимписко злато е желба и на актуелниот европски првак Шпанија, која на олимпискиот турнир во Токио го има најискусниот тим…