Селекторот на Македонската сениорска репрезентација г-дин Раул Гонзалез го објави поширокиот список на 28 ракометари за претстојните квалификациски натпревари против репрезентациите на Турција и Грција за пласман на ЕП 2020 година.
На списокот го нема стандардниот репрезентативец Филип Миркуловски, кој поради напорната сезона и бројните повреди поштеден е во овој квалификациски циклус, но ќе настапи на СП 2019.
Првиот квалификациски натпревар сениорите ќе го одиграат на 25.10.2018 (четврток) против репрезентацијата на Турција. Натпреварот ќе се одигра во Битола со салата “Боро Чурлевски” со почеток во 20:15 часот.
Вториот натпревар против селекцијата на Грција ќе се одигра во градот Козани, Грција со почеток во 18:30 часот на ден 28.10.2018 (недела).