РАКОМЕТ – ЛИГА НА ШАМПИОНИТЕ
Со одигрувањето на дуелот помеѓу Порто и Елверум и победата на португалскиот првак со 38-31, се комплетира групната фаза во Лигата на шампионите, во која, според новите правила на Европската ракометна федерација, сите 16 екипи од групната фаза ќе играат во осминафиналето. Победникот од дуелот Вардар – Веспрем во четврт-финалето ќе се сретне со подобриот од двомечот на Нант на македонскиот капитен Кирил Лазаров со Киелце.
Македонскиот репрезентативен голман Никола Митревски и неговиот тим Порто за противник во осминафиналето ќе го имаат Алборг, а победникот во четврт-финалето ќе игра со поуспешниот од дуелот Фленсбург – Загреб. За актуелниот европски првак, Кил, противник во осминафиналето ќе биде Сегед, а победникот во четврт-финалето ќе игра со подобриот од дуелот помеѓу ПСЖ и Целје. Барселона, која зад себе ја има најдобрата сезона во групната фаза во ЛШ, ќе игра со Елверум, кој заврши со најслаб ефект во групата А. Во четврт-финалето противник ќе биде подобриот од дуелот Мотор – Мешков.
ОСМИНАФИНАЛЕ
1. Нант – Килеце
2. Сегед – Кил
3. Мотор – Мешков
4. Порто – Алборг
5. Загреб – Фленсбург
6. Елверум – Барселона
7. Целје – ПСЖ
8. Вардар – Веспрем
мечевите се на 31 март и на 8 април
ЧЕТВРТ-ФИНАЛЕ
Победник 1 – Победник 8
Победник 2 – Победник 7
Победник 3 – Победник 6
Победник 4 – Победник 5
мечевите се од 12 до 20 мај