Вардар со пораз од Нант со 29:27 го заврши на последното место настапот на турнирот во Стразбур.
Ракометарите на Вардар беа рамноправен противник во натпреварот со повеќе резултатски осцилации, а на неколкупати имаа и водство, но сепак во клучните моменти дозволија пад на играта.
Францускиот тим, за кој настапува македонскиот ракометар Кире Лазаров, ги искористи слабостите на македонскиот првак и извојува победа.
За Вардар дополнителен проблем беше и тоа што настапи без тројца стандардни првотимци, Игор Карачиќ, Вуко Борозан и капитенот Стојанче Стоилов.
Стоилов на првиот натпревар во Стразбур ја повреди дланката и два месеца ќе паузира.
Вардар со едно реми и со два порази остана на шестото место на турнирот во Стразбур.