Ракометарите на Бутел Скопје со 30:25 вечерва ја совладаа екипаа на Металург и на тој начин дојдоа до три клучни бодови со што се најдоа на позицијата 4 и на коло пред крајот ова значи дека следната сезона ќе играат во Купот на ЕХФ.
Ракометарите на Вардар пак, откако ја прославија шампионската титула, го доживеаја првиот пораз синоќа во Суперлигата на домашен терен од Пелистер со 26-30 (14-16).
Вардар и Металург играа во Лигата на шампионите, Еурофарм Работник настапи во групната фаза на ЕХФ Купот, па токму затоа нашата држава остана на седмото место на листата и ќе има четири места во Европа в година.
Според рејтингот, Македонија ќе има едно место во ЛШ, како и уште три во ЕХФ Купот.