Освојувачот на македонскиот куп ЖРК Металург загуби од грчки ПАОК со 17-26 на гости, во првиот меч од квалификациите за Европскиот куп.
Металург на полувреме имаше негатива од четири гола, но домаќинот успеа да ја зголеми предноста во вториот дел.
Ива Божиновска беше најефикасна со седум гола кај македонскиот претставник, додека на спротивната страна Марија Каципарасиду забележа осум погодоци.
Реваншот во Скопје се игра за седум дена.