Фото: „Нова Македонија“

РАКОМЕТ – СВЕТСКО КЛУПСКО ПРВЕНСТВО

Ракометарите на Барселона го совладаа Ал Ахли со 26-21 (14-8) во полуфиналето на клупското Светско првенство (СП) во ракомет за мажи, во Египет. Најпрецизен во шпанскиот тим беше Дика Мем со пет гола, а Јасир Саифелден постигна четири.
Барселона во финалето и за славеничкиот трофеј ќе игра против унгарски Веспрем, кој, пак, претходно во другото полуфинале беше подобар од германскиот бундеслигаш и актуелен европски шампион, Магдебург, победувајќи го со 23-20 (9-11).
Финалето на клупското СП 2025 на програмата е денеска, од 19 часот. Веспрем и Барселона играа меѓу себе во полуфиналето на минатогодишниот ракометен клупски Мундијал.
Веспрем ќе се обиде да ја одбрани освоената титула минатата година, а Барселона, која го нема освоено овој трофеј четири години (откако претходно славеше трипати во низа), ќе се обиде да го стори тоа сезонава. Барселона е најуспешна во ова глобално клупско натпреварување, со пет титули досега (славеше во 2013, 2014, 2017, 2018 и во 2019 година), три трофеи освои Магдебург (во 2021, 2022 и 2023 година)… Г.И.