РАКОМЕТ – ПОЗНАТИ СИТЕ ГРУПИ ВО ЕВРОПСКАТА ЛИГА
По завршувањето на квалификациите, познати се осумте групи на Европската лига во ракомет (ЕЛ). Само екипата на Вардар ќе ја претставува Македонија во групната фаза, како резултат на второто место освоено во домашната Суперлига. Вториот наш кандидат Алкалоид не успеа да го елиминира бундеслигашот Хановер во бараж-двомечот и со тоа да обезбеди место во ова натпреварување.
Четирите германски (Кил, Флензбург, Мелсунген и Хановер) и трите француски екипи (Тулуз, Монпелје и Сант Рафаел) се фаворити за освојување на првото место, иако не се исклучени и изненадувања.
Вардар е сместен во групата Ф, заедно со екипите на шведски Кристијанстад, француски Тулуз и хрватски Сесвете, кој ќе му биде и прв ривал на 14 октомври. Покрај црвено-црните, од регионот уште ќе настапат и Нексе од Нашице, Сесвете од Вуковар, Слован од Љубљана и Партизан од Белград. Групната фаза на Европската лига почнува кон средината на октомври годинава. Г.И.